Саем за автомобили во Женева од 26 февруари до 3 март

52

Еден од најголемите, највлијателните и најпопуларните саеми за автомобили во светот, познатиот саем за автомобили во Женева (GIMS) се враќа на својата стара локација, познатиот центар Палекспо, за прв пат по 89-тиот саем одржан во март 2019 година.

Како што е познато, поради епидемијата на Ковид-19, организаторите на овој престижен автомобилски саем одлучија да ја откажат изложбата закажана за 2020 година, бидејќи тогаш властите на Швајцарија поради пандемијата ги ограничија јавните собири на само 1.000 луѓе.

Првиот меѓународен саем за автомобили во Женева се одржа во 1905 година.

Оваа година, како што најавија организаторите OICA (Меѓународната асоцијација на автомобилски производители основана во 1919 година во Париз), сè е вратено на вистинскиот пат, со тоа што е јасно дека сите, од организаторите до изложувачите, домаќините во Палекспо Центар, ќе се потруди ова да биде еден од најдобрите салони досега.

Саемот ќе биде отворен за јавноста од 26 февруари до 3 март.