Саемот на автомобили во Белград ќе се одржи во март

35

На Белградскиот саем од 22 до 31 март ќе се одржи Меѓународниот саем на автомобили, најави Зоран Лукшиќ, шеф на проектот Саем на автомобили. Паралелно ќе се одржи и 7. Саем за мотоцикли, велосипеди и опрема.

Како што изјави Лукшиќ, на саемот ќе се претстават 400 увозници и произведувачи на возила, а ќе биде организирана пропратна програма.

“Минатата година не се одржа BG car show и во медиумите имаше многу информации дека саемот се укинува, а тоа ни нанесе голема штета”, изјави Лукшиќ.

Саемот ќе се одржи со полн капацитет и на него ќе се претстават сите водечки светски автомобилски брендови кои работат на српскиот пазар. Покрај автомобилите, ќе биде претставена и пратечката автоиндустрија, автоделови и гаражно – сервисна опрема. Посетителите ќе можат да ги видат сите автомобили коишто претходно премиерно ќе бидат прикажани на саемот во Женева.

Се очекува саемот да го посетат преку 130.000 посетители од Србија и регионот.