Safe Life – животно осигурување што покрива голем број хируршки интервенции

28

Office

За прв пат на македонскиот пазар е достапен производ за животно осигурување што нуди дополнително осигурување од операции што покрива голем број на хируршки интервенции. Осигурувањето од операции е единствено достапно преку Safe Life животното осигурување што го нуди осигурителното брокерско друштво Safe Invest во соработка со компанијата за животно осигурување Винер Лајф, стои во соопштението.

Од сега граѓаните кои ќе се одлучат за Safe Life животното осигурување, ќе имаат можност дополнително да се осигураат од операции, што во иднина ќе значи покривање на трошоците за хируршки интервенции без разлика дали интервенцијата се извела во државна или приватна здравствена институција. Во зависност од сериозноста, хируршките интервенции се поделени во три категории и сумата која се доплаќа за ова осигурување зависи од возраста на осигуреникот, како и времетраењето на договорот. Покрај дополнителното осигурување од операции, збогатено е и со осигурување од тешки болести и покрај веќе постоечките ова осигурување ќе покрива и Алцхајмерова или Паркинсонова болест, мултиплекс склероза и  кома, што претставува тренд на осигурителниот пазар во Европа.

“Нашиот заеднички продукт е скроен по мерка за нашиот осигурителен пазар и сме горди да го претставиме со името кое објаснува сè: Safe Life – сигурен живот. Идејата за овој производ произлезе од експертизата на осигурителната компанија Винер Лајф и нашата компетентност како осигурителни брокери, со цел на клиентите да им понудиме одлично осигурување по поволни цени, прилагодени за секој граѓанин да може да си ја осигури својата иднина. Настојуваме нашите клиенти да бидат згрижени, заштитени и осигурани од секој аспект и да бидат сигурни во својата иднина и иднината на своите најблиски. Токму затоа ќе продолжиме и во иднина да воведуваме иновативни решенија кои ќе одговорат на нивните потреби“, изјави Катерина Рибарски, извршен директор на осигурителното брокерско друштво Safe Invest.

Освен дополнувањата за осигурување од операции и тешки болести, продуктот Safe Life нуди и трикратно зголемување на осигурената сума во случај на смрт од незгода како надополнување на досегашните дополнителни осигурувања кон животното осигурување како што се заштита при работна неспособност, заштита во случај на траен инвалидитет поголем од 50%, заштитна клаузула за зачувување на вредноста на парите, давајќи им можност на клиентите сами да креираат производ за животно осигурување според своите потреби.

Продуктот за животно осигурување Safe Life, што е плод на долгогодишна успешна соработка помеѓу австриските компании Safe Invest и Vienna Insurance Group е создаден во Австрија и освен во Македонија, исто така се нуди во сите други земји каде што е активен Safe Invest како Србија, Словенија, Романија, итн.

“Нашиот успех доаѓа од отвореноста и соработката со лојални партнери. Како осигурителна компанија, нашите деловни одлуки се базираат врз искреноста, интегритетот, стабилноста и довербата. Заедно со Safe Invest, како партнери на глобално ниво, ќе ги следиме трендовите и потребите на клиентите и во иднина со цел да создадеме иновативни производи кои ќе имаат една заедничка цел, а тоа е – задоволни осигурени клиенти“, изјави Дарко Дедиќ, извршен директор на Винер Лајф.

Двата меѓународно признати партнери Винер Лајф и Safe Invest заедно кореспондираат активно на македонскиот осигурителен пазар од 2012 година. Осигурителното брокерско друштво Safe Invest со понудувањето на заеднички создадениот продукт Safe Life, придонесува за зајакнувањето на позицијата на Винер Лајф на пазарот за животно осигурување, единствена компанија што може да се пофали со пораст од 24% и со пораст на премии за животно осигурување со 47%.