Sainsbury’s – прв супермаркет што произведува енергија од остатоци од храна

43

sainsbury

Британскиот синџир на супермаркети Sainsbury’s донесе одлука да покаже дека храната што завршува во ѓубре има шанса за “втор живот“ и поради тоа неодамна го отвори првиот супермаркет во светот што ја користи отпадната храна како извор на енергија.

По инсталирање на системот за претворање на биомасата во енергија, супермаркетот е исклучен од националната мрежа за електрична енергија и сите свои потреби за енергија ги задоволува со помош на храната.

Овој синџир на најголеми супермаркети во Велика Британија од отпадоци од храна произведува доволно енергија за напојување на 2.500 домаќинства годишно, а со помош на првиот супермаркет кој во целост ги задоволува енергетските потреби со помош на остатоци од храна ја продолжува својата мисија за намалување на отпадот и производство на таканаречена “зелена енергија“, јавува порталот croenergo.eu.

Битно е да се напомене дека остатоците од храна поминуваат низ неколку фази и тоа еден дел што се уште може да се користи како помош за најзагрозените лица во општеството, потоа на ред доаѓаат фармерите кои ги земаат остатоците за сточна храна и дури на крајот што ќе остане се користи за производство на енергија.

“На овој начин отпадот воопшто не го носиме во депонија и секогаш сме во потрага по нови начини за поволно користење и рециклирање на различните видови на отпад“, вели Пол Кру, менаџер во Sainsbury’s.