Сакал екстра профит од коронавирусот, но еве како завршил

130

Сакајќи брза и добра заработувачка од пандемијата на коронавирусот, еден Американец купил огромни количини средства за хигиена, коишто потоа онлајн ги препродавал многу поскапо, но го спречиле платформите за е- трговија.

Откако коронавирусот ја однесе првата жртва во САД, Мет Колвин со својот брат Ном, почнал да ги празни полиците од маркетите од Тенеси до Кентаки, купувајќи средства за деинфекција за да ги препродава преку интернет.

На 2.100 километри долга рута успеале да соберат 18.000 шишиња санитетски средства и веднаш почнале да ги препродаваат преку Amazon. Мет потврдил дека првите 300 шишиња успеал да ги продаде по цена од осум до 70 долари по шише, што му донело повеќекратна заработувачка.

И додека за многумина тој е профитер од пандемија, за него овој “деловен“ потфат претставувало “луда заработувачка“.

Меѓутоа, Amazon ја повлекол целата негова понуда, како и илјадници други понуди со редства за хигиена, марамчиња и маски.

Интернет трговецот суспендираше некои продавачи, предупредувајќи дека ако продолжат со зголемување на цените, нивните налозо ќе бидат згаснати, а истиот принцип го упати и eBay.

Не знае како да се ослободи од робата

Сега, додека милиони луѓе бараат дезинфекциски средства за да се заштитат од ширење на коронавирусот, Колвин е заглавен со 17.700 шишиња средства за дезинфекција, и без идеја како ќе ги продаде.

“Од ситуацијата во која видов потенцијално добра финансиска добивка за моето семејство, дојдов до фаза, што да правам со сево ова“, вели Колвин кој сега планира дел од робата да ја донира.

Колвин е веројатно еден од многуте трговци кои собирале залихи од средства за хигиена, маски…

Amazon потврди дека отстранил бројни производи од платформата и суспендирал налози на илјада е- трговци поради напумпани цени на производи поврзани со пандемијата.

Amazon, eBay, Walmart и други платформи за онлајн трговија се обидуваат да ги спречат продавачите кои сакаат да остварат екстра заработувачка од кризата.

Фото: Pixabay