Сакате да го зголемите профитот? Ослободете се од лошите клиенти!

78

sajka-pixabay

Фото: Pixabay

Сите ја знаеме поговорката “Клиентот е секогаш во право”. Но, дали е тоа баш така? Одговорот подолу!

Висок процент од клиентите окупираат голем дел од вашето време, но сепак многу малку придонесуваат за интересите на вашата компанија. Затоа мора да дознаете кои се тие лоши клиенти и да се ослободите од нив. Во спротивно компанијата ќе биде во загуба, бидејќи оние кои придонесуваат за вашата компанија се клиенти кои сакате да ги имате.

Како да постапите со непожелните клиенти, со оние кои ви претставуваат проблем во работењето?

Во секој бизнис постојат клиенти кои знаат што сакаат, го вреднуваат вашиот труд и ги плаќаат сметките на време. Прашањето е дали можат, по пат на соодветна едукација, сите клиенти да станат продуктивен дел од вашата компанија.

Најпрво, треба да ги идентификувате најлошите клиенти. Знаете кои се тие. Тие што постојано се жалат, доцнат со плаќањето, секогаш сакаат повеќе од она што веќе сте го договориле.

Во многу бизниси има непрофитабилни клиенти, но компаниите понекогаш не се свесни за тоа. Еве што да направите….

Секоја година направете проценка на клиентите и одлучете со кои треба да престанете да соработувате, за да може вашиот бизнис да напредува. Постојат и стручни компании кои можат да ви помогнат околу тоа, правејќи листа на оние клиенти кои не помагаат во растот на вашата компанија.

Штом ќе утврдите кои се тие клиенти, може да пробате истите да ги направите профитабилни. Еве како:

1. Сменете го вашиот однос кон нив, од слаби станете моќни.

2. Зголемете ги цените. Ако на овој начин изгубите непрофитабилен клиент, нема да морате лично да се соочувате со него.

 3. На крај, дајте му на клиентот листа на опции, преку која ќе оцените дали вашиот меѓусебен однос може да се подобри, а вие да профитирате од тоа. На пример, наместо да кажете “ Дали го сакате овој производ, да или не?“, прашајте: Дали ја сакате опција еден, два, три или опција четири.”

Не се плашете да одредите кои клиенти носат повеќе проблеми отколку профит. Штом ќе го направите тоа, ослободете се од нив.