Сакате да ручате со милијардерот Ворен Бафет? Цената – вистинска ситница

68

Berkshire Hathaway Chairman Warren Buffett Interview

Милијардерот Ворен Бафет и оваа година организира хуманитарна акција на која нуди ручек. Почетната цена на ручекот, што е на аукција од неделата, беше 25.000 долари, а границата од 100.000 долари беше надмината за еден час.

Во овој момент вредноста на хуманитарниот ручек со Бафет надминува 370.000 долари. Сите оние кои сакаат да бидат хумани, да донираат средства и потоа да ручаат со милијардерот тоа можат да го направат на страната на ebay.

Апсолутниот рекорд е поставен пред две години, кога ручекот со Бафет е платен за дури 3,5 милиони долари. Минатата година победникот во хуманитарни цели уплатил нешто повеќе од еден милион долари.

rucek so bafet

Овогодишната, 15-та по ред акција, повторно е насочена кон Glide фондацијата од Сан Франциско, зад која стои Методистичката црква.

Аукцијата ќе трае до петок, а ручекот со познатиот милијардер традиционално ќе биде организиран во њујоршкиот ресторан Smith and Wollensky.

smith and wollensky restoran

Победникот на аукцијата може со себе да донесе седум пријатели на ручекот со Бафет.