Популарна тема во изминатата година е Dropshipping. Луѓето ширум светот кои сфатиле како работи овој бизнис модел направиле милионски суми.
Dropshipping претставува посебен трговски модел со којшто купувачот му плаќа на посредникот за посакуваниот производ, кој порачката ја проследува до производителот којшто го испорачува производот до крајниот корисник. Заработката на посредникот е разликата во цената што од една страна ја плаќа крајниот корисник и онаа што ја нуди производителот.
Една од главните предности на овој модел е во тоа што посредникот во физичка форма не ги поседува производите, туку ги порачува од производителот или друг продавач. Посредникот, во dropshipping моделот, има интернет страница на којашто нуди најразлични производи што може да се порачаат. Посредникот ги нема производите на лагер, нема потреба да инвестира во магацински простор и најмногу се занимава со дигитален маркетинг.
Пред да помислите дека ова се “лесни пари“ може делува едноставно, но потребно е исклучително добро познавање на маркетингот, социјални трендови и психологија на луѓето.
Иако dropshipping моделот стана навистина популарен метод во светот на е-трговија во текот на изминатите неколку години, се подразбира дека како и сите методи, постои вистински начин и погрешен начин за практикување на овој метод. Тешко е да се пробие во светот на dropshipping како почетник поради силната конкуренција. Постои крива на учење и може да биде тешко вашиот производ да се истакне, но не дозволувајте тоа да ве обесхрабри.
Тоа што не го произведувате производот сами не значи дека не треба да ја третирате вашата dropshipping операција како целосен бизнис – бидејќи навистина е бизнис и треба да се третира како таков за да напредува. Ако сте почетник, еве три тајни за дропшипинг што треба да ги знаете.
Проучувајте ги вашите конкуренти
Веројатно е дека другите конкуренти го продаваат истиот точен производ што го продавате и вие од истиот производител (тоа е природата на конкурентската сцена во индустријата), па неговото пласирање со помош на маркетинг е од голема важност.
Погледнете ја моменталната компетитивна сцена. Како се пласирани другите производи? Кои се нивните цени? Целосно истражете една платформа за е-трговија како Аmazon за да имате целосна слика. Откако ќе ја разберете конкуренцијата, можете самоуверено да изберете со кој производ да започнете со dropshipping – и да разберете како да го направите вашиот производ да се истакнува меѓу останатите. Вашата цел е да бидете сигурни дека потрошувачот сака да го избере вашиот производ кога и тој ја истражува конкуренцијата, бидејќи вие нудите нешто што никој од вашите конкуренти не го прави.
Пронајдете добар снабдувач
Кога наоѓате снабдувач за производот, обрнете внимание и на други работи освен цената. Секако, профитот е од клучно значење за дропшипингот. Но, добар снабдувач може да направи секаква разлика во dropshipping операцијата. Прво, запознајте го вашиот снабдувач. Дали тој е способен и подготвен за да го поддржи вашиот раст во случај на огромен успех? Или ќе заостане со производството или дури и да остане без производи ако продадете премногу? Осигурете се да поставите јасни очекувања околу нивниот капацитет.
Осигурете се дека прво треба да направите и проверка на квалитетот. Нарачајте го производот исто како што би го нарачале ако сте клиент. Забележете ги сите работи кои се од основно значење: навремено праќање, пакување и квалитет на производот. Користете го производот исто како што би користеле кога би биле клиенти. Дали го губи својот квалитет по една или три употреби?
Прво тестирајте го пазарот
Откако ќе изберете производител и производ, не инвестирајте илјадници долари однапред додека не завршите еден “тест период“ за да бидете сигурни дека тоа одговара на пазарот. Треба да бидете сигурни дека производот им се допаѓа на луѓето и дека пред сè, тој има највисок квалитет.
Полесен метод за dropshipping е да почекате да нарачате кога купувачот ќе нарача, отколку сами да ги исполните испораките.
Фото: Freepik