Сакате луѓето да ве слушаат кога зборувате? Еве како!

21

rabota

Фото: Pixabay

Преприемачите имаат многу идеи кои во нивните глави звучат одлично, но тешко е да им се објаснат на други луѓе. Да се пренесе пораката на потрошувачите и да им се продаде нешто е уште потешко. Пораката треба да се искомуницира на начин што другата страна ќе слуша. Како да се направи тоа, да ве слушнат и уште повеќе, да изреагираат на тоа што го кажувате, пишува Inc.

Не оставајте премногу простор за избор

Многу голем избор често знае да направи конфузија во главата на потрошувачот. Во време кога конкуренцијата е огромна и во време и во пари, најчесто одговор добиваат оние што “напаѓаат” таргетирано и со конкретни понуди.

Бидете искрени

Кога ќе го отворите срцето и искрено ќе ги споделите своето искуство и страст за она што го правите, луѓето ќе се поврзат со вас и ќе ве слушаат што зборувате.

Не претпоставувајте

Да ги натерате луѓето да слушаат и да купат е првиот чекор – да ги натерате повторно да се вратат е вистинскиот предизвик. Ако потрошувачите не се враќаат, не правете претпоставки, тоа е најлошото што можете да го направите за вашиот бизнис. Во време на лесен пристап до бројки и аналитика, носете заклучоци врз основа на податоци.