Сакате пиво за џабе?

24

130808_amstel_1Сетилните вендинг машини се моментално многу популарни во светот. Па така една од најпознатите светски компании за производство на пиво, Amstel, користи една таква машина, со која на еден креативен начин, им дава  лименка пиво на случајните минувачи.

Се што треба да направат, ако сакат да добијат џабе пиво, е да стојат мирно 3 минути додека времето не истече. Дејството во рекламата се случува во Бугарија.

Сите ние забораваме да одвоиме бар некоја минута време во кое ќе си дадеме оддишка од бурното секојдневие, затоа тука е стариот добар Amstel да не потсети на тоа.