Руралните области на Филипините наскоро ќе се ослободат од свеќите и сијалиците на батерии, заменувајќи ги со еколошка алтернатива што функционира со помош на солена вода, пишува Inhabitat.
Проектот Sustainable alternative lighting project, познат како SALt, е одговорен за развој на оваа револуционерна светилка. Овој проект ќе им помогне на сиромашните заедници на Филипините да добијат алат којшто на сигурен и еколошки прифатлив начин ќе ги замени досегашните ноќни светилки.
Во овој момент на Филипините се користат парафински светла или батериски сијалици, коишто често пати предизвикуваат пожари или влијаат на семејниот буџет поради скапите батерии.
SALt користи чаша вода со две лажици сол за да може да се обезбеди и до 8 часа светлина. Наместо обична вода, може да се користи и морска вода.
Електродите во уредот може да траат и до една година, во зависност од тоа колку често и долго се користи, а има ниско CO2 влијание.
Оваа светилка има можност и да наполни мобилен телефон или други уреди со USB приклучок.