Самитот 100 – Бизнис лидери во ЈИЕ во Порторож

11

summit100-portoroz

Во Порторож, Словенија денеска почнува Самитот 100 – Бизнис лидери во Југоисточна Европа на кој учествуваат претседатели од регионот, бизнисмени и претприемачи, пишува Миа.

На годинашниот, четврти по ред самит, ќе се дебатира за улогата на главните градови во регионот со цел инклузивен и оддржлив развој во соработка со државните институции, бизнис секторот и Европската унија.

На самитот учествува претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, како и хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, претседателката на Косово, Атифете Јахјага, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ и српскиот министер за економија, Жељко Сертиќ.

Првиот ваков самит беше организиран во 2011 година во Србија, а две години подоцна се одржа и во Црна Гора. Минатата година самитот се одржа во Хрватска. Покровител на годинашниот самит е словенечкиот претседател Борут Пахор.