Само 4% од луѓето им веруваат на интернет инфлуенсерите

29

Фото: Pexels

Поголемиот број корисници на Интернет не веруваат на она што инфлуенсерите го објавуваат на социјалните мрежи, покажуваат резултатите од агенцијата UM, пренесува The Drum.

Само 8% од испитаниците веруваат во информациите што ги пронаоѓаат на социјалните мрежи, а тој процент се намалува на четири, кога станува збор за тоа колку јавноста им верува на инфлуенсерите.

Сомнежите во искреноста на инфлуенсерите, како што се наведува, е поради тоа што потрошувачите и регулаторните тела постојано поставуваат прашања за договорите меѓу инфлуенсерите и брендовите, како и за вистинскиот број на следбеници.

Велика Британија воведе построги правила што се однесуваат на онлајн промовирање на платени содржини. Исто така, САД преземаат различни активности за да се зголеми транспарентноста на социјалните мрежи.

И покрај напорите и алатките на платформите, како што е Instagram, што им овозможува на креаторите да детектираат понуди, истражувањето на UM покажува дека околу 36% од Британците веруваат во мислењето на блогерите кога станува збор за производи и услуги. Се верува дека довербата во таков вид на препораки на глобално ниво е околу 42%.

Истражувањето, исто така, покажува дека луѓето ги менуваат своите ставови во врска со социјалните мрежи. Кога на испитаниците е поставено прашањето која платформа е најдобра за нив, неинтерактивните страници како што се Netflix и Youtube се на прво и второ место, додека за нив е Spotify.

Традиционалните интерактивни социјални платформи, како Facebook, Twitter, Instagram и Snapchat се подолу на оваа листа.