Само дел од милион причини поради кои едвај чекаме да се вратиме на “чизмата“

85

Во италијанските градови, каде и да погледнете, околу вас – има чуда. Доаѓате во Рим и не можете да престанете да се восхитувате на плоштадот Свети Петар, каде се наоѓа и Базиликата со исто име. Таму е фонтаната Треви, а сите други знаменитости е тешко да се именуваат …

Секој ден во секој можен медиум, во изминатите неколку недели, слушаме за лошите вести од Италија, земја која буквално е нападната од вирусот корона. Сите љубители на историјата, гастрономијата, модата или културата едвај чекаат да помине ситуацијата и конечно да можат да ја посетат и уживаат во магијата што ја нуди “чизмата“.

Погледи кои го одземаат здивот

Веројатно на многумина прво им паѓа на памет – Чинкве Тере. И да, погледот на шарените селца е неверојатен, и се чувствувате како да сте се нашле во друг свет и време. Од друга страна, на бреговите на заливот Амалфи, се наоѓа градот Поситано. Тука е и езерото Гарда и истоимениот национален парк  кои се популарни дестинации за љубителите на спорт и останати рекреативни активности. Возење со бротче, уживање во погледите на околните брда и планини, незаборавни пејзажи…

Архитектура

Во италијанските градови, каде и да погледнете, околу вас – има чуда. Во Рим  не можете да престанете да се восхитувате на плоштадот Свети  Петар, во која е сместена и Базиликата со исто име. Во Фиренца воодушевува прекрасната катедрала на Санта Марија дел Фиоре. Понатаму, Милано со својата катедрала, Венеција која е своевиден споменик … Значи, тука за љубителите на убавото – никогаш не може да биде здодевно.

Природа

Го споменавме езерото Гарда, но тука е и бисерот на Италија, езерото Комо. Со својата средишна позиција во Ломбардија, ова прекрасно езеро е популарно летувалиште уште од дамнешното римско време, но во поново време и најатрактивна дестинација за одмор на славните.

Да не ги заборавиме и Сицилија и Сардинија како и бројните национални паркови и познати ски центри.

Гастрономија

Илјадници специјалитети, познатата пица, тестенини на сто начини. Италијанците се мајстори и за слатко, а секој регион има свој заштитен колач.

Фото: Pixabay