Фатмир Битиќи, економски советник на Владата за третиот пакет економски мерки на денешната прес-конференција изјави мерката Викенд без ДДВ, ќе се спроведе кон крајот на август или почетокот на септември.
Во суштина очекуваме епидемијата да спласне и да се креираат услови за непречено функционирање. Тоа ќе биде поголем поврат на ДДВ преку сегашното софтверско решение на УЈП. Само корисниците на апликацијата Мој ДДВ ќе може да учествуваат. Злоупотребата ќе биде минимална“, рече Битиќи.
Според него, Со Викенд без ДДВ планот е да се поттикне потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.
Со ваквата мерка се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе треба да се слеат во македонското стопанство.
Во поглед на платежните картички и ваучерите, за две до три недели ќе има таков повик до сите граѓани.
“Ќе има процес на изјаснување на самите граѓани, дали они ги исполнуваат условите и дали ги прифаќаат мерките. 130-140 илјади граѓани ќе добијат платежни картички од 9.000 денари, а притоа да немаат приходи од 15 илјади денари. Тие картички ќе бидат преку спроведени преку банките, со посебна сметка, која не е поврзана со претходните сметки. Нема да има чекање и пополнување на документи“, изјави Битиќи.
Фото: Pixabay