Самоизолацијата во Турција отвора 10.000 нови работни места

36

Препораката на властите, граѓаните да останат дома за да се заштитат од ширење на коронавирусот, ја зголеми потребата од услуги за достава до дома. Околу 10.000 работни места се очекува да бидат отворени во оваа дејност во Турција, пренесува Daily Sabah.

Затворањето на кафулињата и рестораните, како и рестрикциите за слободно движење на лицата над 65 години предизвика голема побарувачка на услуги за достава до дома. Во овој сектор е забележан раст од над 50% во споредба со периодот пред да се прогласи пандемија.

Според податоците, во овој момент во овој сектор се вработени околу 250.000 лица. над 150.000 од нив се вработени во приватниот и државниот сектор на турска пошта и над 100.000 курири што пренесуваат пратки со мотор.

Турскиот старт – ап, IsteGelsin, којшто се занимава со испорака на овошје, зеленчук и месо, за една недела вработи 100 лица.

Фото: Pixabay