Самоодржлив сплав на Дунав што самостојно ќе произведува енергија

81

splav na dunav

Дизајнерското студио Salt & Water од Нови Сад, Србија, го претстави својот нов амбициозен проект – самоодржлив сплав на Дунав, пишува Градња.

Она по што е посебен овој сплав е тоа што во него ќе има вертикална градина, специјален систем за наводнување и алтернативни начини на одгледување на органска храна во градска средина за којашто е карактеристична ограниченоста на расположливиот простор. Освен тоа, ќе има и простор за одржување на различни презентации и работилници.

“Искрено верувам дека еколошките проекти како што е овој, можат да имаат исклучително позитивно влијание врз начинот на којшто функционираат урбаните населби“, велат од Salt & Water.

splav na dunav 1

Овој модел на сплав нема да има моторен погон, бидејќи според нацртот би требало да биде закотвен во мало белградско пристаниште. Сплавот самостојно ќе произведува енергија, благодарение на соларните панели што ќе бидат поставени на централната тераса, како и малите ветерници коишто ќе бидат на покривот.

Комплетната површина на сплавот е 96 метри квадратни, застаклениот дел зафаќа 39,5 метри квадратни, а терасата се протега на 21 метар квадратен.