Светозар Богдановски пред 35 години ја изработи својата прва виолина за својот син Костадин, кој тогаш имаше само седум години и така започна целата приказна.
Денес виолините на Богдановски, кој по професија е ликовен уметник, се продаваат низ целиот свет по цена од 60.000 евра, додека Костадин е светски познат виолинист.
За да го направи мајсторскиот инструмент, тој користи јаворово дрво и смрека директно од древните шуми во Босна, пишува Reuters.
Во бизнисот му помагаат неговата жена Марија, професорка по виолина и неговата колешка Татјана Мишева. Досега имаат изработено околу 700 инструменти, некои се копии од познати италијански мајстори како Guarnerius.
Освен синот, и помладата ќерка на Богдановски, Фросина, е професионален виолинист.
Од многуте меѓународни награди тој е особено горд на едно признание освоено во Италија, каде конкуренција му бил врвен мајстор од фамилија изработувачи на виолини од Кремона.
Богдановски два пати ја има освоено престижната награда што секоја година се доделува од страна на Здружението на виолинисти од САД, во 2008 и 2012 година.
Фото: Pixabay