Самоуправувачки камион натоварен со 2.000 шишиња пиво помина околу 190 километри

20

otto kamion

Компанијата на Uber, Otto, којашто развива технологија за самостојно управување на камиони, ја направи првата комерцијална испорака, пишува New York Times.

Самоуправувачкиот камион носеше 2.000 шишиња Budweiser пиво, а помина релација од околу 190 километри. За време на целото патување, во кабината беше присутен и професионален возач. Тој само го надгледувал возењето без да интервенира во ниту еден момент.

Засега оваа технологија може да се примени само додека камионот е на автопат. Штом го напушти автопатот, возачот ја презема контролата и го носи камионот до крајната дестинација.