
Електронскиот гигант Самсунг во средата соопшти дека размислува за големи аквизиции за да го поттикне растот, по широките критики од акционерите кои веруваат дека Самсунг не успеал да го искористи бумот на вештачката интелигенција, што ги прави акциите на корејската компанија со најлоши резултати во целиот технолошки сектор минатата година.
Samsung во моментов се бори поради послабите приходи и падот на вредноста на акциите во последните квартали, најмногу поради заостанувањето зад конкуренцијата во развојот на напредни мемориски чипови и нивното производство во синџирот на снабдување, кои неодамна беа во огромна побарувачка поради проектите поврзани со вештачката интелигенција.
Акционерите на Samsung во средата остро го критикуваа менаџментот за лошите перформанси на акциите и повикаа на итни мерки за зголемување на нивната вредност.
Извршниот директор на Самсунг и шеф на бизнисот со полупроводници, Џун Јанг-Хјун, вети дека компанијата има намера да го намали јазот со конкуренцијата во трката за развој на чипови за меморија со висок пропусен опсег (HBM) и им се извини на инвеститорите за лошите деловни резултати. „Доцнивме да ги препознаеме трендовите на пазарот и како резултат на тоа, го пропуштивме тој ран моментум“, рече Јун.