Samsung Galaxy S5 се полеа со ладна вода, ги предизвика iPhone 5S, HTC One M8 и Lumia 930

40

samsung-galaxy-s5-als-ice-bucket-challenge

Брендовите досега не беа вклучени во масовниот тренд полевање со кофа ладна вода (Ice Bucket Challenge), хуманитарна кампања што ја организира АЛС организацијата со цел да се подигне свеста кај јавноста за болеста амиотрофична латерална склероза. Samsung во ова виде можност да се изрекламира дека Galaxy S5 е водоотпорен и ги предизвика iPhone 5S, HTC One M8 и Lumia 930, но не и Sony Xperia Z1S.