Samsung веќе работи на новиот паметен телефон, што би требало да го замени актуелниот модел Galaxy S5. Новиот телефон, што ќе го носи името Galaxy S6, за разлика од претходните модели што се слични, ќе има сосема нов дизајн, пишува порталот Sammobile.
Идниот модел на телефон во овој момент го има називот Project Zero, со што самата компанија сака да даде до знаење дека новиот Galaxy S6 ќе биде комплетно нов. Можна причина за ваква одлука лежи во лошите финансиски резултати што ги прикажа Samsung, а според кои е забележан пад на продажбата за 15%.
Се очекува Galaxy S6 да дојде во две верзии. Големината засега е непозната, но се наведува дека резолуцијата би била 2560 х 1440 пиксели.
Производството се очекува да започне во јануари следната година.