Самсунг го претстави новиот заоблен гејминг монитор CJG5

22

Компанијата Самсунг Електроникс го претстави својот најнов заоблен монитор создаден за играње игри – CJG5 на овогодинешниот Гејмском 2018. Во рамки на овој настан, Самсунг ја изложи својата линија напредни монитори за играње игри кои се опремени со супер ултра-широка CHG90 зона за искуства под мотото Поширок поглед. Победничка игра. Гејмском е едно од најголемите светски трговски шоуа за забавната и гејминг индустријата кое оваа година се одржаво Келн, Германија од 21 до 25 август, а изминатата година привлече повеќе од 350 илјади посетители од над 50 држави.

Новите модели на монитори CJG5 со дијаметар од 32 инчи (C32JG5)и 27 инчи (C27JG5) во себе ја содржат клучната технологија за играње игри, како WQHD висока резолуција заоблен екран, фреквентност на освежување на слика од 144 херци и висока стапка на контраст. Достапен на светско ниво започнувајќи од третиот квартал од 2018 година, приспособениот за играње модел CJG5 овозможува целосно беспрекорно и импресивно “гејминг“ искуство поддржано од технолошката експертиза на Самсунг по разумна и достапна цена.

“Како резултат на драстично зголемената побарувачка на монитори наменети за играње игри, се обидовме да понудиме монитор со компетитивна цена, чија премиум технологија ќе биде достапна за поголем број на корисници. Со технолошката експертиза која ја имаме акумулирано низ годините, континуирано правиме напори да ги подобриме карактеристиките за играње – како 144 херци и висока WQHD резолуција, кои ќе бидат ценети од поширокиот пазар“, изјави Сеог-ги Ким, Извршен Потпретседател на Одделот за Визуелни Екрани во Самсунг Електроникс.

Моделот CJG5  вклучува WQHD резолуција (2,560 x 1,440),која е за четири пати повисока од HD, прикажувајќи прецизни и реални слики со подлабоки црни и посветли бели тонови и поенергични бои, како и висок сооднос на контраст од 3000:1. При поврзување со заоблен панел со вертикално порамнување и тристраниот дизајн, моделот CJG5 комплетира неверојатна средина што овозможува најдобро искуство при играњето игри и го намалува заморот на очите. Дополнително, аголот на искривување на екранот од 1800R го намалува заморот на очите со намалување на промената на растојанието помеѓу корисникот и екранот. Со реалниот приказ на екранот, моделот CJG5 им помага на корисниците кои брзо го менуваат фокусот додека играат игри, дури и во подолги временски периоди.

Фреквентноста на фрејмови од 144 херциовозможува екстремно чувствителна и “респонсивна“ графика која не ја кочи сликата што дополнително го збогатува искуството при играњето игри. Посебниот режим за играње и кино – режимот автоматски го оптимизираат нивото на црни гама зраци, контраст, острина и заситеност на сликата за било кој вид игри и филмови. Корисниците исто така веднаш може да ги проверат и контролираат клучните поставки за време на играта на едноставен начин, користејќи го наменското On Screen Display (OSD) мени на контролната табла со интерфејс во стил на играта.

Во рамки на Гејмском 2018, посетителите можеа да го погледнат CJG5 мониторот за играње игри на штандот на Самсунг и на штандот на Убисофт. Компанијата Самсунг, заедно со своите партнери Убисофт ПУБГ Корпорација, Варнер Брос, Дип Силвер, Сквер Еникс и Логитек претставија и различни содржини – игри преку Самсунг мониторите наменети за играње, меѓу кои и моделот CJG5. Зоната за искуство на Самсунг беше достапна на штандовите на Самсунг и нејзините два партнери, во чии рамки играчите на игри можеа да доживеат неверојатно “гејминг“ искуство преку 49–инчниот супер ултра-широк CHG90 модел на монитор. Моделот CHG90 е најголемиот QLED заоблен монитор за играње игри во светот, со фреквентност на освежување на сликата од 144 херци и 1 милисекунда време на одговор на движење на сликата кој беше претставен на Гејмском 2017.

За повеќе информации за CJG5WQHD мониторот на Самсунг, посетете ја страната news.samsung.com, а за да дознаете повеќе за учеството на Самсунг на овогодинешното издание на Гејмском, погледнете тука.