Samsung го презема тронот од Intel, стана најголемиот прозводител на полупроводници

41

Во вториот квартал, Samsung Electronics Co. го надмина Intel со тоа што стана водечки светски производител на полупроводници во однос на приходите, според Wall Street Journal.

Јужнокорејската технолошка компанија, специјализирана за мемориски чипови, заработи 19,7 милијарди долари од април до јуни. Вкупниот приход за Intel изнесуваше 19,6 милијарди долари – или 18,5 милијарди долари по одбивањето на приходите на деловната единица што одлучи да ја продаде.

Intel, со седиште во Санта Клара, Калифорнија, го држеше првото место во повеќето од последните три децении, отстапувајќи му го на Samsung само во 2017 и 2018 година, кога се зголеми продажбата на мемориски чипови.

Фото:Pixabay