Samsung ја објави својата нова генерација RAM за телефони и метаверзуми

12

Samsung ја претстави својата нова технологија RAM меморија, направена за мобилни уреди. Јужнокорејскиот гигант најави дека ќе се користи во претстојните телефони, но и сервери, автомобили и метаверзуми.

Иако компанијата не споменува во својата најава како новите LPDDR5X RAM чипови ќе им помогнат на луѓето да влезат во дигиталната реалност, тие технологии треба да им овозможат на уредите да работат побрзо и да траат подолго, забележува The Verge.

Користејќи ги актуелните клучни зборови, како што се метаверзум, AI и 5G технологијата, Samsung ветува вистински подобрувања во брзината и енергетската ефикасност – се наведува дека оваа RAM од следната генерација ќе има 1,3 пати поголема брзина од претходната генерација LPDDR5, чипови ќе се произведуваат со повеќе меморија во истиот простор (до 64 GB по чип) и ќе користи 20 проценти помалку енергија од претходната генерација.

Иако не е потврдено, се очекува меморијата да биде изработена во 14 nm технологија.

Сè уште не е објавено кога новите LPDDR5X RAM чипови ќе бидат достапни за производителите, вклучувајќи ги и телефоните на Samsung, но AnandTech шпекулира дека тие би можеле да се појават во 2023 година.

Имајќи предвид дека DDR5 десктоп меморијата полека пристигнува на компјутерите, треба да се има на ум дека голема разлика во перформансите меѓу генерациите тешко дека ќе се види веднаш.