Samsung Electronics ја затвора единствената фабрика за телевизори во Кина до крајот на ноември, пренесува Ројтерс.
Фабриката во кинескиот град Тианџин е единствената производна база за телевизори на Samsung Electronics во Кина, во којашто работеле околу 300 работници. Оваа одлука е дел од “актуелните напори за подобрување на ефикасноста“ во производните погони.
По затворање на оваа фабрика, во Кина ќе функционира само фабриката за апарати за домаќинство и погони за производство на чипови.
Фото: Freepik