Samsung ја затвора единствената фабрика за телевизори во Кина

27

Samsung Electronics ја затвора единствената фабрика за телевизори во Кина до крајот на ноември, пренесува Ројтерс.

Фабриката во кинескиот град Тианџин е единствената производна база за телевизори на Samsung Electronics во Кина, во којашто работеле околу 300 работници. Оваа одлука е дел од “актуелните напори за подобрување на ефикасноста“ во производните погони.

По затворање на оваа фабрика, во Кина ќе функционира само фабриката за апарати за домаќинство и погони за производство на чипови.

Фото: Freepik