Samsung ќе бара истрага за продажба на копии на мобилни телефони во Црна Гора

20

Samsung Galaxy Note 3Samsung Elektronics ќе ги информира надлежните институции во Црна Гора и во потполност ќе ја поддржи нивната истрага на нелегалниот ланец за снабдување со реплики на мобилните телефони од овој производител, јавува агенцијата Мина, пренесува Вијести.

На скоро сите социјални мрежи, но и во печатените медиуми, во последно време има се повеќе огласи за продажба на копии на паметни телефони, чии цени се неколку пати пониски во однос на оригиналите. Од компанијата велат дека ги преземаат сите потребни мерки за да ги заштитат своите корисници и ќе продолжат да ги информираат што да преземат за да можат да ги разликуваат фалсификуваните модели од оригиналните уреди.