Samsung очекува добивка повисока за 45% во првиот квартал

82

Добивката на Samsung во првите три месеци од оваа година би можела да порасне за 45% во однос на истиот период лани, поради големиот раст на продажба на паметни телефони, телевизори и апарати за домаќинство иако заработката од продажба на процесори се намали по прекинот на производство во американскиот погон поради временски неприлики.

Поминувајќи повеќе време дома поради пандемијата, потрошувачите почесто купуваа електроника што инаку има голема маржа, но тоа поттикна и глобален недостиг од чипови коишто се користат во производство на процесорите, пишува Ројтерс.

Се очекува оперативната добивка на јужнокорејскиот технолошки гигант во првите три месеци од оваа година да се искачи на 8,2 милијарди долари. Тоа би било највисоко ниво на добивка на компанијата од првиот квартал во 2018 година.

Се проценува дека најголемиот светски производител на паметни телефони во првиот квартал зазема околу 23% од светскиот пазар, а причина за тоа се наведува и претставување на своите премиум уреди по цени пониски од вообичаено.

Фото: Pexels