Samsung очекува двојно поголема добивка поради недостигот на чипови

20

Јужнокорејскиот технолошки гигант, Samsung Electronics најави дека во второто тримесечје од фискалната година очекува 53% поголема добивка благодарение на глобалниот недостиг на чипови.

Оперативната добивка од април до јуни би требало да биде 11 милијарди долари. Силната потрошувачка за чипови ги надомести намалените приходи од продажба на уреди поради недостиг на делови.

Пред една година, во првите неколку месеци од пандемијата, Samsung имаше пад на продажбата од телефони и телевизори, а потоа побарувачката нагло да се зголеми по воведување на рестриктивните мерки.

Фото: Pexels