Samsung патентира лаптоп кој може да се превиткува двапати (ФОТО)

117

Samsung неодамна поднесе барање за патент кој претставува лаптоп кој може да се превиткува двапати. Во овој случај, тоа значи дека има флексибилен екран. Неговата предност е поефикасна преносливост.

Компанијата поднесе патент до Светската организација за интелектуална сопственост во јули 2021 година, а документите беа објавени на 13 јануари 2022 година. Иако документите се достапни дури сега, минатата година беше јасно дека сите производители се обидуваат да направат уред кој ќе има флексибилен екран.

Според објавените податоци, новиот лаптоп се преклопува вертикално. Екранот има набор кој нагласува дека е можно да се преклопи уште еднаш. Не само што се преклопува екранот, туку и металниот дел од лаптопот. Кога лаптопот е преклопен, се користи клип што го спречува раздвојувањето на преклопените делови. За да се овозможи ова, лаптопот содржи две батерии.

Врз основа на овој патент, можеме да заклучиме дека во суштина се работи само за нов дизајн, а не за нови можности. Екранот не е флексибилен до тој степен што може да се преклопи двапати, туку се состои од делови.