Samsung претставува “растеглив“ екран

14

sam-580x580

Фото: Facebook

Јужнокорејската компанија Samsung соопшти дека ќе го претстави својот растеглив екран оваа недела на Society for Information Display 2017, што се одржува во Лос Анџелес.

Од компанијата велат дека растегливиот OLED дисплеј е уникатен бидејќи може да се витка од двете страни, за разлика од претходните коишто се виткаа само од едната страна. Екранот може да се растегне 12 милиметри без да се изгуби резолуцијата, пишува Sammobile.

Иновативниот екран од 9,1 инчи е во почетна фаза на развој и не е познато кога ќе биде пуштен во продажба.