Samsung работи на дигитална копија на човечкиот мозок

12

Инженерите на Samsung, заедно со научниците од Универзитетот Харвард, се обидуваат да создадат вештачка интелигенција слична на човечката. За таа цел, специјалистите развиваат невроморфни чипови со способност да копираат човечки мозок во нив како модел за обработка на информации.

Методот на Samsung овозможува „копирање и вметнување“ на карта на мозочни неврони во 3D невроморфни чипови. Се користат низа наноелектроди, кои имитираат неврони и ги регистрираат локациите на нивните соединенија, како и јачината на овие соединенија.

Последователно, собраните податоци може да се „копираат и вметнат“ во тродимензионална мрежа на полупроводничка меморија, според објава во Brandsynario.

Samsung гледа на ова како на револуција во развојот на вештачката интелигенција. Но, засега, се уште е невозможно да се создаде дигитален изглед на човечкото размислување.

Бидејќи мозокот е составен од 100 милиони неврони, кои обезбедуваат огромен број синаптички врски, во неговата електронска копија ќе бидат потребни 100 милиони до неколку трилиони информации. Ова значи дека компјутерскиот уред не може да работи со мала потрошувачка на енергија како човечкиот мозок.

Во исто време, се забележува дека ако идеите на инженерите и научниците од Sasmung одат понатаму, ќе добиеме навистина паметни уреди – од паметни телефони до автомобили способни да донесуваат сопствени одлуки.