Технолошката компанија Samsung разви апликација чија цел ќе биде заштита на видот на децата кои користат мобилни телефони и таблети, пишува Android central.
Апликацијата Safety screen користи технологија за препознавање на ликови и утврдување на дистанцата помеѓу мобилниот уред и очите на корисникот. Во оној момент кога апликацијата ќе забележи дека дистанцата е помала, веднаш го исклучува екранот и го предупредува корисникот да се оддалечи од уредот.
Од Samsung велат дека целта на апликацијата е да се заштити видот особено кај помладите, но истата може да ја користат луѓе на сите возрасти.
Апликацијата е достапна преку Google Play.