Samsung со најголем пад на продажбата на телефони за девет години

57

Според јужнокорејскиот портал Korea IT News оваа година ќе биде прва во последните девет во коишто Samsung ќе продаде помалку од 300 милиони телефони, но компанијата верува дека следната година значително ќе биде подобра.

Извештајот открива дека Samsung продал околу 189 милиони телефони на крајот на третиот квартал од оваа година, а според предвидувањата на аналитичарите, до 31-ви декември оваа година нема да може да продаде повеќе од 270 милиони единици, што значи дека нема да мож да се приближи бројката од 300 милиони.

Како што се чини, изминатата година беше исклучително тешка за Samsung и покрај претставување на голем број интересни модели на нови уреди, па сега сите надежи ги полага во Samsung Galaxy S21 и телефонот на преклоп, што треба да се појави на почетокот на идната година.

Фото: Pixabay