
Пазарната капитализација на обичните акции на „Самсунг Електроникс“ надмина 1 трилион долари во среда, што ја прави втора највредна компанија во Азија по тајванската „ТСМЦ“, објави „Ројтерс“.
„Самсунг Електроникс“, најголемиот светски производител на мемориски чипови, достигна пазарна вредност од 1,5 трилиони вони (околу 1,03 трилиони долари) во раното тргување во Сеул, по силниот раст на американските акции поврзани со вештачката интелигенција преку ноќ.
Акциите на јужнокорејскиот технолошки гигант пораснаа за 12 проценти до 09:52 часот по локално време, надминувајќи го референтниот индекс KOSPI, кој порасна за 5,4 проценти.
Во исто време, американските S&P 500 и Nasdaq Composite достигнаа рекордни максимуми на затворањето во вторник, поттикнати од добивките на Intel и други компании за вештачка интелигенција, бидејќи инвеститорите реагираа на стабилизацијата на ситуацијата по прекинот на огнот меѓу САД и Иран и силните квартални резултати од компаниите.











