Американскиот град Сан Франциско од први јануари следната година воведува целосна забрана за користење на чаши за чај или кафе и амбалажа направена од стиропор, пишува San Francisco Chronicle.
Забраната се однесува на продажба на производи во амбалажа од стиропор во сите малопродажни и угостителски објекти.
Стиропорот е одличен изолациски материјал, но многу лесно се распаѓа по што зад себе остава илјадници тони ѓубре на земјата и во водите. Еколозите ја поздравуваат оваа одлука, но некои сметаат дека напорите треба да се насочат кон рециклирање на стиропорот бидејќи има многу трговци кои не можат да си дозволат “зелена“ алтернатива на овој материјал.