Сандали од графен што ги ладат стапалата

55

untitledФото: Graphene Flagship

Проектот Graphene Flagship заедно со италијанскиот Технолошки институт и FADEL – водечка компанија за производство на чевли од Италија, создадоа сандали од графен, пишува New Atlas.

Овој материјал веќе наоѓа примена во изработка на шлемови, микрофони и сијалици. Со помош на новата технологија GET® патентирана од FADEL, сандалите од графен ја регулираат топлината на стапалата. Материјалот што се наоѓа во ѓонот од чевлите ја обезбедува потребната свежина во текот на целиот ден.

Тимот кој стои зад проектот додаде и мала количини на снегулки од графен во влошката на сандалите коишто беа креирани преку процес на течна ексфолијација. На овој начин се произведува голема количина на графен за релативно ниска цена.

Иако влошката има само 1% од материјалот, тоа е сосема доволно за подобрување на терморегулација за 50%. Сандалите беа неодамна претставени на Интернационалниот саем за чевли во Милано.