Родителите на децата во земјите во развој имаат проблем да ги задоволат сите потреби на своите деца. Набавката на нов пар чевли за своите деца, чии нозе постојано растат, е вистински проблем и чини мало богатство.
Организацијата Because International стои зад дизајнот на меките сандали коишто со помош на ременчиња и меката гума многу лесно и брзо се прилагодуваат на детското стапало. Идејата е децата да можат овие сандали да ги носат од моментот кога ќе проодат, па сè до 14-тата или 15-тата година.
Желбата да им помогне на екстремно сиромашните семејства го навела Кентон Ли да ги дизајнира овие сандали. Тој работејќи во Најроби, секојдневно ги гледал дечињата како одат боси и од таа причина го осмисли концептот на флексибилни сандали.