Француската фармацевтска компанија Sanofi планира да ја купи американска компанија за биотехнологија Principia Biopharma за околу 3,7 милијарди долари.
Договорот ќе го зголеми истражувачкиот капацитет на Sanofi во областите на автоимуни и алергиски заболувања, се наведува во соопштението објавено од двете компании.
Bloomberg минатиот месец објави дека Sanofi истражува потенцијални аквизиции на американски компании за биотехнологија, вклучително и Principia Biopharma. Според најавата, Sanofi ќе плати 100 долари по акција.
Договорот е вторa по големина фармацевтска аквизиција оваа година, откако Gilead Sciences се согласи во март да плати 4,9 милијарди американски долари за купување на производителот на лекови за рак, Forty Seven.
Главниот извршен директор на Sanofi Пол Хадсон се обидува да ја модернизира француската компанија со тоа што ќе се фокусира на брзорастечките области каде новите лекови обезбедуваат поголем приход.
Фото: Facebook