Sanofi за 1,9 милијарди долари ја купува американската биофармацевтска компанија Kadmon

31

Францускиот производител на лекови Sanofi соопшти дека ќе ја купи американската биофармацевтска компанија Kadmon Holdings за 1,9 милијарди долари, објави Ројтерс.

Ова се случува еден месец откако Sanofi го објави купувањето на друга американска компанија за биотехнологија, Translate Bio, за 3,2 милијарди долари.

Од Sanofi соопштија дека понудиле 9,50 долари во готово за акција на Kadmon, во вредност од речиси 1,9 милијарди долари, и дека одборите на двете компании едногласно го одобриле договорот.

Проектите на Kadmon вклучуваат потенцијални лекови за имунолошки и фиброзни заболувања, како и имуно-онколошки терапии“, велат компаниите.

Sanofi е под притисок да го засили својот развој на лекови и исто така работи на надминување на неуспесите во трката за вакцина против Ковид-19.