Сапонија и Кандит потпишаа договор со Атлантик група во вредност од 14 милиони евра

113

Производителот на детергенти Сапонија и кондиторската компанија Кандит, двете фирми од Осијек, потпишаа со Атлантик група договор со којшто се обезбедува нивниот годишен промет од 14 милиони евра.

Сапонија и Кандит, дистрибуцијата на своите брендови за пазарот во Србија и Словенија од почетокот на јануари идната година ја доверија на Атлантик група, како водечки регионален дистрибутер на роба за широка потрошувачка.

Во соопштението на Атлантик група се истакнува дека компанијата скоро три децении развива дистрибутивно работење во согласност со најдобрите светски практики во индустријата и потребите на локалните пазари и компании.

Сапонија со 125 години и Кандит со 100 години традиција со дистрибуцијата на Атлантик очекуваат дополнителен раст на застапеност и промет во Србија и Словенија.

Фото: Pexels