Министерот за економија Ваљон Сарачини, оперативниот директор на Македонска банка за поддршка и развој (МБПР) Бесим Билали и претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи, денес ќе ја посетат општина Брвеница.
Сарачини, Билали и Кучи ќе ги посетат деловните субјекти во општина Брвеница, кои имаат добиено кредити од МБПР за развој на мали и средни претпријатија, информираат од Министерството за економија.