SatchelBord: Мобилна “канцеларија“ што ја собира во торба за лап топ

28

mobilna-kancelarija-kickstarter-1

Фото: Kickstarter

Американскиот старт – ап Spregotech дизајнираше уникатна мобилна “канцеларија“ којашто корисникот може да ја постави каде што ќе посака.

Инспирацијата за SatchelBord доаѓа од модерните претприемачи кои имаат флексибилно работно место и може да ги извршуваат своите обврски од било кое место. Освен за претприемачи, оваа мобилна канцеларија може да ја користат и студенти, уметници и други луѓе од различни професии.

mobilna-kancelarija-kickstarter

На прв поглед, SatchelBord изгледа како торба, но во нејзината внатрешност се “крие“: столче и масичка за лап топ. Внатрешноста во којашто се поставува лап топот е изработена од материјали што не пропуштаат течности и нечистотии. Има и доволно простор за бележници и книги, кои му се неопходни на корисникот за извршување на секојдневните задачи. За изработка на SatchelBord се користени природни материјали.

Кога ќе се отвори SatchelBord, може да се извади мини – масичката што служи како потпора за лап топ, по што корисникот ќе може удобно да се смести во мобилната фотелја и да го започне работниот ден во природа. Овој изум е претставен на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде што бара поддршка од 20.000 долари.

mobilna-kancelarija-kickstarter-2