Saturn Glass – чаша од којашто нема да ви се истури виното

26

lllllllllllllllЉубителите на вино можат да уживаат во овој пијалок без да стравуваат дека чашата ќе се истури и ќе останат лоши дамки што не се вадат. Дизајнерското студио Super Duper најде идеално решение – Saturn Glass.

Станува збор за уникатна чаша од којашто нема да ви се истури виното колку и да ја помрднувате, пишува Cool Material. За да дојдат до крајниот производ, членовите на тимот поминаа години во истражување и креирање на чаша што истовремено изгледа добро, може да стои на површина и го чува виното да не се истури.

Чашите се совршена мешавина на италијанска и скандинавска традиција на правење на стакло. Моделирани се рачно, па оставени природно да се оладат за на крај да бидат обликувани и полирани во Окланд, Калифорнија, исто така рачно.

Пакувањето содржи две различни чаши, за црвено вино (150-175 ml) и за бело вино (120-150 ml). Цената е 52 долари.