Саудијците повторно импресионираат: Пустинско патување со луксузен воз

33

Железници на Саудиска Арабија  (САР) е државна компанија која има за цел да го направи патувањето во пустината многу погламурозно.

Оваа компанија неодамна склучила договор вреден 53,33 милиони долари со италијанската компанија Arsenale, кој се однесува на патување со луксузен воз. Саудиска Арабија широко ги отвори вратите за туристите, сакајќи да има што повеќе туристи.

Патување со луксузен воз

Како што најавија саудиските државни медиуми, луксузниот воз треба да започне со работа на крајот на 2025 година.

Ќе се движи низ целата земја, по траса долга 1.300 километри, низ пустински предели. Дизајнот на возот е инспириран од саудискиот стил и традиција, ќе има 40 луксузни кабини и неговото производство е во тек. Резервациите за патувањата треба да се отворат на крајот на оваа година.

Паоло Барлета, извршен директор на компанијата Арсенал, изјави дека ќе може да се резервира патување за една или максимум две ноќевања и дека капацитетот ќе биде 82 патници.

Позелен избор

Одлуката на Саудиска Арабија да влезе на пазарот на луксузни возови доаѓа во услови на зголемена побарувачка за брзи и луксузни возови низ светот. Има голем број земји кои инвестираат милиони, па дури и милијарди, во нова инфраструктура поради побарувачката за еколошки поодржлив начин на патување.

На пример, американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе се инвестираат 30 милијарди долари во железницата низ Соединетите Американски Држави. Франција планира да инвестира 106 милијарди долари во железницата до 2040 година.

Инвестиции во инфраструктурата

Железничката мрежа треба да се протега низ државата, а по неа ќе се движат возови, со брзина до 300 километри на час. Министерот за инвестиции на Саудиска Арабија Калид ал Фалих најави изградба на 8.000 километри железница на почетокот на 2022 година. Оваа инвестиција е дел од напорите на оваа земја да ја диверзифицира својата економија, т.е. дека нафтата повеќе не е единствениот извор на приход.

Саудиска Арабија планира да инвестира повеќе од 800 милијарди долари во следните 10 години, а за да ја постигне целта до 2030 година да привлече 70 милиони туристи од целиот свет. Меѓу овие инвестиции е и футуристичкиот град НЕОМ како целосно нова туристичка дестинација покрај брегот на Црвеното Море. Овој град се гради во пустината на северозападот на земјата. Последните податоци покажуваат дека претходните инвестиции се исплателе.

Според податоците на Светската туристичка организација (UNWTO), бројот на странски туристи во Саудиска Арабија минатата година бил за 56 отсто поголем отколку во 2019 година, годината пред почетокот на пандемијата на коронавирус.

Фото: SAR