Кина и Саудиска Арабија ги продолжија разговорите за договор од 10 милијарди долари за изградба на рафинериско-петрохемиски комплекс во североисточна Кина.
Договорот меѓу Саудиска Аramcо и кинеските компании Norinco and Panjin Sincen за изградба на рафинерија со капацитет од 300.000 барели дневно беше договорен во 2019 година, но беше одложен во 2020 година поради падот на цената на нафтата, пренесува специјализираниот портал Oilprice.com.
Обновувањето на разговорите за изградба на овој комплекс се совпаѓа со неодамна потпишаниот договор меѓу руски Роснефт и кинеската компанија China National Petroleum Corp. за десетгодишна понуда од 100 милиони тони нафта.











