
Саудиска Арабија се подготвува да ја отвори својата прва продавница за алкохол во Ријад, која ќе биде исклучиво за немуслимански дипломати, според извор запознаен со плановите.
Купувачите ќе мора да се регистрираат преку мобилна апликација, да добијат шифра за одобрување од Министерството за надворешни работи и да се придржуваат до месечните квоти за купување, се вели во документот што го видел Ројтерс.
Овој потег е пресвртница во напорите на кралството, предводени од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, да ја отвори ултраконзервативната муслиманска земја за туризам и бизнис, бидејќи алкохолот е забранет во исламот.
Тоа е исто така дел од пошироките планови познати како Визија 2030 за изградба на пост-нафтена економија.
Новата продавница ќе биде лоцирана во Дипломатскиот кварт на Ријад, кварт во кој престојуваат амбасади и дипломати, а ова ќе биде „строго ограниченo“ на немуслиманите, се вели во документот.
Не е јасно дали другите немуслимани ќе имаат пристап до продавницата. Милиони иселеници живеат во Саудиска Арабија, но повеќето од нив се муслимански работници од Азија и Египет.
Извор запознаен со плановите рече дека продавницата се очекува да биде отворена за неколку недели.
Визијата 2030 вклучува и развој на локалната индустрија и логистичките центри и има за цел да создаде стотици илјади работни места за саудиските државјани











