Саудиска Арабија ја стопира изградбата на нови нафтени капацитети

26

Саудиска Арабија одлучи, поради енергетската транзиција, да ги одложи плановите за проширување на капацитетите за производство на нафта, изјави министерот за енергетика на земјата.
На крајот на јануари оваа година, саудиската влада и наложи на државната нафтена компанија Aramco веднаш да го прекине планот за проширување на нафтените капацитети и да достигне максимален одржлив капацитет од 12 милиони барели дневно, односно еден милион помалку од планираното во 2020 година.

„Мислам дека ја одложивме таа инвестиција бидејќи сме во транзиција“, изјави принцот Абдулазиз бин Салман.

Ријад сака да ги намали емисиите на штетни гасови на нето нула до 2060 година, а Aramco најави дека сака да ја постигне оваа цел во бизнисот до 2050 година, пренесува Hina.

Во случај на големи нарушувања во глобалното снабдување поради конфликт или природен капацитет, Саудиска Арабија има „огромен“ резервен капацитет за производство на нафта, истакна принцот Абдулазиз бин Салман.

Членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници (OPEC+) го ограничуваат производството за да ги стабилизираат цените. Според договорот на групата, Саудиска Арабија произведува околу три милиони барели дневно помалку од максималниот одржлив капацитет од 12 милиони барели дневно.

Подготвени сме да ги прилагодиме капацитетите, да ги зголемиме или намалиме, во зависност од потребите на пазарот“, нагласи саудискиот функционер.