Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција

58

Саудиска Арабија до 2030 година планира да инвестира 20 милијарди долари во различни проекти поврзани со вештачка интелигенција. Стратегијата, што беше објавена минатиот месец, е дел од амбициозниот план на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

“Работиме на тоа вештачката интелигенција да биде составен дел од алтернативната економија, преку старт – ап и иновативни компании, а таа може да биде дополнителен извор на приходи“, смета претседателот на Канцеларијата за податоци и вештачка интелигенција на Саудиска Арабија, Абдула ал Гамди.

Според него, акциите во такви компании, за кои се планира дека до 2030 година ќе ги има нас 300, ќе им бидат достапни и на странски и на домашни инвеститори.

Саудиска Арабија во последните неколку години се обидува да ги диверзифицира изворите на приходи поради нејзината зависност од нафтата.

Фото: Freepik